Александар Сирски, командант на украинската армија , тврди дека украинската армија напредува во Бахмут и дека припадниците на руската армија се заробени. Оваа информација на својот профил на „Твитер“ ја потврди Антон Герашченко, поранешен заменик министер за внатрешни работи на Украина.
„Непријателот е заробен во Бахмут. Градот е под огнена контрола на одбранбените сили “, објави денеска командантот на украинската армија на својот канал на Телеграм.
„Војниците на 77-та бригада ефикасно ги уништија Русите. Работата продолжува. Непријателот излегува од позицијата “, рече Александар Сирски.
Заменик-министерката за одбрана Хана Маљар наведува дека вооружените сили на Украина веќе неколку дена се под оган при влегување и излегување од Бахмут, како и движењето на припадниците на руските единици низ градот. Таа откри и како дошло до тоа.
„Ова стана возможно благодарение на фактот што нашите трупи ја презедоа контролата над главните доминантни височини околу Бахмут“, забележува Малијар.