More

    Украински функционери се сомневаат дека војската ќе може да ја изврши големата пролетна офанзива која долго се најавува

    spot_img

    Украински функционери се сомневаат дека војската ќе може да ја изврши големата пролетна офанзива која долго се најавува, објави Вашингтон пост. Весникот го цитира командантот на 46-та бригада за воздушен напад на Украина кој вели дека војниците се изморени и деградирани по цела година битки.

    Службеникот, кој во статијата е именуван само по својот прекар Купол го нарекува „симболичен“ бројот на тенкови ветени на Киев од страна на САД и нивните сојузници. Некои други официјални претставници кои разговараа со весникот не веруваа дека западното оружје ќе може да стигне до линијата на фронтот навреме.

    Проблем е и муницијата, недостатокот на гранати и минофрлачки бомби.

    – Немаме луѓе, ниту оружје – изјавил за весникот неименуван висок функционер на украинската влада.

    Тој објаснува дека жртвите направени од страната што е во офанзива обично се два или три пати поголеми отколку на страната што се брани.

    – Не можеме да си дозволиме да изгубиме толку многу луѓе – вели официјалниот претставник.

    Од друга страна, Вашингтон Пост, исто така, цитираше американски функционер, кој вели дека и покрај некои придобивки на бојното поле неодамна, проблемите со муницијата, работната сила и мотивацијата биле уште полоши на руската страна.

    Командантот потсетува дека досега загинале 120.000 украински војници, а дека новите регрути се слабо обучени и дека работат по принципот на „оставете сè и бегајте“. Статијата вели дека се сменил профилот на војската при што загинале многу од искусните борци.

    Што се однесува до Украина, влогот ќе биде „особено голем“ во наредните месеци, бидејќи западните поддржувачи на Киев гледаат дали земјата може да ја врати иницијативата, забележа Вашингтон пост.

    Претходно годинава украинските власти неколку пати ја најавија можната пролетна офанзива во која, потенцијално, со милион војници, Украина би удрила на Крим за да го врати полуостровот заземен од Русите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img