Украинскиот актер и ТВ-водител Паша Ли е убиен во руското гранатирање на Ирпин, град западно од Киев, додека ја бранел својата земја, пренесува британски „Мирор“.
Ли служел во Единицата за територијална одбрана на Украина, а пред тоа работел како актер, водител и композитор. Имал 33 години.
Паша Ли своите фотографии во воена униформа ги споделувал на социјалните мрежи, а последен пат се огласил на Инстаграм пред три дена.
„Во текот на последните 48 часа имавме можност да седнеме и да се фотографираме додека нѐ бомбардираат… Но, насмеани сме затоа што ќе се снајдеме, ќе се одбраниме. Ајде да се обединиме!“, напишал во саботата несреќниот Ли.
Колегите на социјалните мрежи се збогуваат со актерот, а меѓу нив е и неговата колешка и актерка Анастасија Касилова.
„Беше актер, ТВ-одител, мој колега и добар познаник. Ова никогаш нема да го простам и заборавам“, напишала таа на Фејсбук.
Ли се стекна со популарност во својата земја откако глумеше во спортскиот акционен филм „The Fight Rules“ од 2017 година. Тој исто така беше водител на каналот ДОМ и го даде својот глас за украинските синхронизирани филмови на Холивуд, вклучувајќи ги и популарните „Хобит“ и „Кралот на лавовите“.
ФОТО: Инстаграм