Украинската војска соопшти дека нејзините сили постигнале напредок во тешките борби во близина на источниот град Бахмут, додека Русија продолжува да испраќа нови единици, вклучително и падобранци.
„Успешно спроведуваме одбранбена операција и во текот на денешниот ден нашите единици навлегоа на околу 500 метри длабочина на делови од фронтот кај Бахмут“, изјави воениот портпарол Серхиј Череваџи.
Руската агенција РИА Новости јавува дека руското Министерство за одбрана соопштило дека борбата за западните делови на Бахмут е во тек.
Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар објави дека во последните денови, украинските сили вратиле под контрола околу 20 квадратни километри територија околу Бахмут.
Москва се обидува да го освои Бахмут за да и го отвори патот да го окупира остатокот од Донбас.