Украинскиот град Северск е под контрола на сојузничките сили на Русија и на самопрогласената Доњецка Народна Република, потврдија денеска властите на ДНР, пренесуваат руски медиуми.
– Нашите трупи го контролираат Северск, така што непријателот сега може да биде погоден со прецизен оган на целата територија на градот – изјави првиот заменик-министер за информации на ДНР Даниил Безсонов за телевизискиот канал „Соловјев во живо“.
Тој претпостави дека украинските сили ќе се повлечат од Северск побрзо „отколку што се повлекле од Лисичанск“.
Извор близок до Народната милиција во самопрогласената Луганска Народна Република претходно за агенцијата ТАС изјави дека Северск е опколен и оти градот може да биде освоен за два дена.