More

    Украинската војска јави дека градот е погоден и со „Кинжал“

    spot_img

    Русија утрово лансираше интерконтинентална балистичка ракета, суперсонична ракета „Кинџал“ и седум крстаречки ракети од нејзиниот јужен регион Астрахан, соопшти украинската војска. Цел на нападот биле бизниси и критична инфраструктура во централно-источниот украински град Дњепар.

    Русија употреби интерконтинентална балистичка ракета за прв пат откако ја почна војната.

    Нападот следуваше откако Украина оваа недела употреби американски и британски ракети за да нападне цели во Русија, за што Москва со месеци предупредуваше дека таков напад ќе значи ескалација.

    Не е познато што конкретно е погодено од интерконтиненталната ракета или колкава е штетата.

    Руските ракети имаат дострел од неколку илјади километри и можат да носат нуклеарни боеви глави.

    Украинскиот систем за противвоздушна одбрана собори шест крстосувачки ракети Кх-101 за време на нападот.

    Воздухопловните сили на Украина соопштија дека ракетата била лансирана од областа Астрахан во Русија, но не прецизираа за каков тип на интерконтинентална балистичка ракета се работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img