Украинската правобранителка Људмила Денисова денеска изјави дека руските сили во Буча силувале 25 жени и девојки.
Таа додаде дека 25 девојки и жени побарале помош откако биле силувани од руските војници.
– Вкупно 25 жени на возраст од 14 до 24 години беа силувани од руски војници. Тоа се случуваше еден месец. Ќе продолжиме да ги документираме овие страшни злосторства, за жал, и секој криминалец ќе биде казнет – наведе Денисова.
Таа додаде дека Украина има докази за „геноцид врз украинскиот народ“ и за воени злосторства, додавајќи дека силувањето е „новото оружје“ на руските сили.
Русија негира дека нејзините војници извршиле злосторства во Буча.