More

    Украинска министерка објави фотографија од нападот со американско оружје на руска територија

    spot_img

    Украинските власти вчера објавија дека успешно го погодиле рускиот ракетен систем С-300 користејќи оружје испорачано од Запад. Системот бил лоциран на руска територија, пишува CNN.

    – Убаво гореше. Тоа е руски С-300, на руска територија. И тоа во првите неколку дена по дозволата за употреба на оружјето испратено од Западот на непријателската територија – објави на Фејсбук украинската министерка Ирина Верешчук и прикачи наводна слика од нападот.

    Украина и претходно погодуваше цели на руска територија, но овој пат тоа го стори со западно оружје, што може да предизвика остра реакција на рускиот претседател Владимир Путин, кој минатата недела ги предупреди членките на НАТО дека треба „да бидат свесни со што си играат“ кога зборуваат за напади на територијата на Русија.

    Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американско оружје за напади на руска територија, под услов тие да таргетираат само цели во близина на границата во близина на Харков. По оваа одлука, Украина може да ги користи ракетите ХИМАРС, кои и беа доставени од САД, за напади врз руски војници и командни центри во Русија, но сепак не е дозволено да користи американски системи со долг дострел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img