Украинската војска процени дека околу 800 руски војници биле убиени во борбите во средата, главно во источниот дел на регионот Доњецк.
Наведено е дека руските сили биле фокусирани на офанзивата во областа Бахмут и дека нападите на Авдијевка и Купјанск биле неуспешни.
Украинската армија соопшти дека се уништени и три руски тенкови, авион и хеликоптер, пренесува Ројтерс.