Во Киев утрово одекнаа силни експлозии, а украинската армија извести дека Русија истрелала неколку ракети во правец на главниот град на Украина.
Во целата земја се огласи предупредување за воздушен напад поради заканата од руски напади.
Утрово повеќе од десет силни експлозии одекнаа во Киев, потресувајќи згради во центарот на градот, јавуваат новинарите на Франс прес.
Непосредно пред тоа, украинските воздухопловни сили објавија предупредување преку Телеграма.
„Киев… останете во засолништата. Многу ракети се движат кон вас“, беше наведено.
Воената управа на градот соопшти дека остатоци од соборените ракети паднале во различни населби на Киев, вклучително и станбени области.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека неколку зони во градот останале без електрична енергија.
Воздушните напади го погодија и градот Харков во североисточна Украина, изјави шефот на регионалната администрација Олег Синегубов.