Руската армија извршила околу 100 напади во последните 24 часа на источниот фронт на Украина, соопшти украинската армија. „Непријателот 43 пати се обидел да ја пробие одбраната на нашите војници“ во околината на Маријнка во областа Доњецк, соопшти украинскиот Генералштаб.
Маринка беше заробена од руската војска во декември.
Украинските власти соопштија претходно денеска дека три лица загинале во нападот на руски дрон во украинското црноморско пристаниште Одеса.