Украина тврди дека убила над 100.000 руски војници

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Ukrainian service members fire a shell from a howitzer at a front line, as Russia's attack on Ukraine continues, in Zaporizhzhia Region, Ukraine December 16, 2022. REUTERS/Stringer TPX IMAGES OF THE DAY

Русија загуби повеќе од 100.000 војници во војната против Украина, соопшти денеска Генералштабот на украинската армија, јави ДПА.

Според украинскиот Генералштаб, 100.400 руски војници биле „елиминирани”. Тоа би можело да значи дека тие биле или убиени или тешко повредени и несоодветни за служба, наведува ДПА.

Русија неодамна објави податоци за 6.000 загинати во своите редови. Наспроти овие информации, руски независен медиум тврди дека идентификувал по име 10.000 руски војници убиени во борбите.

Украина не дава податоци за своите загуби во дневните извештаи на својот Генералштаб. Неодамна од претседателската канцеларија во Киев беше соопштено дека во борбите се убиени повеќе од 10.000 украински војници.

Двете завојувани страни секојдневно објавуваат податоци за „загубите” на непријателот и многу ретко за загинатите и ранетите во сопствените редови.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во септември пријави 5.937 загинати војници.

Share This Article