More

    Украина тврди дека руски беспилотни летала експлодирале на територијата на Романија

    spot_img

    Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи изјави дека руски беспилотни летала се урнале и експлодирале на романска територија во понеделникот за време на рускиот напад врз украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав.

    Романија е членка на НАТО алијансата.

    „Според украинската државна гранична служба, синоќа при масовен руски напад во близина на пристаништето Измаил, рускиот „Шахеди“ паднал и експлодирал на територијата на Романија“, напиша на Фејсбук украинскиот функционер Олег Николенко.

    „Тоа е уште една потврда дека рускиот ракетен терор претставува голема закана не само за безбедноста на Украина, туку и за безбедноста на соседните земји, вклучително и земјите-членки на НАТО“, рече тој.

    Николенко објави фотографија на која се гледаат пламени јазици по експлозијата на спротивниот брег на Дунав.

    Украински извор за Ројтерс изјави дека два руски беспилотни летала се урнале на романската страна на Дунав.

    Николенко ги повика западните партнери да ја забрзаат испораката на системи за противвоздушна одбрана во Украина.

    Во текот на ноќта Русија изврши воздушен напад врз Измаил, едно од главните речни пристаништа во Украина за извоз на жито.

    Откако се откажа од договорот за извоз на украинско жито преку пристаништата на Црното Море, Москва почна со чести напади на пристаништата на Дунав, кои оттогаш станаа главна извозна рута на Украина.

    Нападот во понеделникот, во кој беа оштетени магацини и запалени згради во Измаил, уследи по руските напади во неделата на другото големо пристаниште Рени на Дунав, кои ја оштетија пристанишната инфраструктура и повредија најмалку две лица.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img