Во текот на ноќта, украинските сили соборија 34 од 35 дронови Шахед од иранско производство, лансирани од Русија кон Украина.
Нападите биле „во бранови“, од правец на полуостровот Крим, источниот брег на Азовското Море и регионот на градот Курск, објави украинското воздухопловство на Телеграма.
Податоци за потенцијални жртви и штети не се објавени.