Украина се подготвува и за зима без струја

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинските власти наредија задолжителна евакуација на цивилите во јужниот регион Херсон, чиј дел е контролиран од руските сили и редовно е цел на напади.

– Советот за одбрана во регионот Херсон донесе одлука за задолжителна евакуација на семејствата со деца од населените места под постојан непријателски оган – соопшти на Телеграм Олександр Прокудин, шеф на регионалната воена администрација.

Во областа Херсон, руските војници ги контролираат областите јужно од реката Дњепар, откако минатата година се повлекоа од регионалниот главен град, градот Херсон, кој постојано е гранатиран.

Во август, украинските власти веќе препорачаа евакуација на цивили од околу десет градови во регионот Харков во североисточна Украина поради офанзивата на руските сили во областа. Меѓутоа, тогаш евакуацијата не беше задолжителна.

Прокудин, исто така, рече дека регионалните власти се подготвуваат за „вонредни ситуации“ во снабдувањето со електрична енергија оваа есен и зима.

Во зимата 2022 година, Русија спроведе масовна кампања за бомбардирање на украинската инфраструктура, предизвикувајќи редовни прекини во снабдувањето со струја.

Share This Article