More

    Украина работи со американското ФБИ и американските компании во собирањето докази за руските воени злосторства, како што се геолокација и податоци за мобилни телефони

    spot_img

    Украина работи со американското ФБИ и американските компании во собирањето докази за руските воени злосторства, како што се геолокација и податоци за мобилни телефони, изјави денеска висок украински функционер.

    – Украинските власти собираат податоци од боиштата и украинските градови разурнати од војната, откако Русија ја нападна земјата минатиот февруари. Собирање на податоците и нивната анализа, односно работата со овие податоци е нешто во што има искуство ФБИ – изјави Алекс Кобзанец, специјален агент на ФБИ, кој претходно служеше како правен аташе на агенцијата во Украина.

    Работата вклучува испитување на податоците од мобилните телефони, форензичка анализа на примероци од ДНК, како и анализа на делови од телото собрани од боиштата.

    – Следниот чекор е да се работи со националните американски даватели на услуги и да се пренесат тие информации, добивање податоци за претплатниците, добивање информации за геолокацијата, каде што е можно – додаде Кобзанец.

    Оваа заедничка работа ја одразува продлабочената соработка меѓу САД и Украина на кибер фронтот, каде Русија беше заеднички противник за двете земји.

    Агентот додаде дека американското ФБИ во изминатата 1,5 година и помага на Украина да ги идентификува руските соработници и шпиони кои дејствуваат во Украина и руските сили кои дејствуваат надвор од Киев за време на инвазијата.

    Американските безбедносни фирми и официјални лица се главниот партнер на Украина во нејзините напори да се одбрани од руските кибер напади, со кои таа се бори најмалку од 2015 година.

    Илија Витиук, шеф на Одделот за кибер информациска безбедност на Украинската служба за безбедност, изјави дека иако бројот на руски напади врз Украина се зголеми во изминатите неколку години, тие стануваат сè повеќе мета во последните месеци.

    – Многу е тешко во кривичната постапка да се докаже кој е одговорен. За нас е многу важно да добиеме што е можно повеќе информации за руските кибер криминалци, бидејќи ги собираме сите тие информации и ги ставаме во нашите криминални случаи. Ние веруваме дека овој случај на кибер воени злосторства е нешто ново. Тука ја видовме првата кибер војна од целосен обем- рече Витиук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img