Украина ја собори руската суперсонична ракета

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинската армија со помош на американскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана Patriot урнал руска суперсонична ракета „Кинжал“ (Х-47), изјави синоќа портпаролот на Пентагон Патрик Рајдер.

Тој го потврди претходно соопштение на Министерството за одбрана на Украина за соборувањето на ракетата.

– Можам да потврдам дека тие урнале руска ракета со помош на системот Patriot. Како што знаете, тој систем е дел од поширокиот спектар на средства за противвздушна одбрана што САД и меѓународната заедница ги доделија на Украина – изјави Рајдер.

На прашање од новинар дали била погодена суперсоничната руска ракета „Кинжал“, тој потврди дека се работи за таква ракета.

Во 2022 рускиот министер за одбрана изјави дека ниту една замја не поседува ракетен систем што може да ја пресретне суперсоничната ракета „Кинжал“ која може да лета со брзина од над шест маха.

– Таква ракета никој не поседува, и суперсонична и со таква брзина и со такви проникнувачки можности… Таа фактички е невозможно да се достигне, и ние со неа нанесуваме удари по особено важни цели – кажа тогаш Шојгу.

Share This Article