Украина известува за најобемното руско гранатирање оваа година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
DONETSK OBLAST, UKRAINE - OCTOBER 31: Ukrainian soldiers fire grad shells with a vehicle adapted as a multiple launch system in the direction of Bakhmut, Donetsk Oblast Ukraine on October 31, 2023. Diego Herrera Carcedo / Anadolu,Image: 818389771, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Украинските власти објавија дека руските сили гранатирале повеќе од сто места во Украина во изминатите 24 часа, најмногу во еден ден од почетокот на годината. „Во последните 24 часа непријателот гранатираше 118 населени места во десет региони“, објави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко на социјалните мрежи.

Киев денеска извести и за руски напад врз нафтена рафинерија во Кременчук во централниот дел на земјата. Немаше жртви, но на речиси стотина пожарникари им беа потребни неколку часа за да го изгаснат пожарот, изјави Игор Клименко, пренесува француската новинска агенција АФП.

Едно лице загина во гранатирање во текот на ноќта во областа Харков во североисточна Украина, а друго е убиено во областа Керсон на југот на земјата, соопштија локалните власти.

Украинското воено воздухопловство денеска соопшти и дека во текот на ноќта собориле 18 од вкупно 20 руски беспилотни летала.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека соборило два украински беспилотни летала над регионите Брјанск и Курск, кои граничат со Украина, пренесува АФП.

Share This Article