Украина истрела најмалку 13 проектили и 84 дронови врз Русија, предизвикувајќи пожар во рафинеријата за нафта во јужниот регион Ростов.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека противвоздушната одбрана соборила 84 дронови над руските региони, од кои 36 над Ростов.
Гувернерот на Ростов, Јуриј Сљусар, изјави дека во нападите е повредено најмалку едно лице, а пожар ја зафати рафинеријата за нафта „Новошахтинск“ која повеќепати ѝ била мета на Украина.
Сè уште е непознато со кои ракети е нападната Русија. Претходно, Украина го погоди воениот аеродром со ракетите АТАЦМС од американско производство, што предизвика руски напад врз украинската енергетска инфраструктура.