Украина и порача на Кина дека е отворена за разговори со Русија, под одредени услови

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во средата, еден ден по „долгите и сериозни разговори“ во Кина, изјави дека Киев е подготвен да разговара со Русија, се додека суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина не се доведени во прашање.

Министерот за надворешни работи во видео порака повтори дека не може да се постигне договор без учество на Украина. Тој исто така рече дека не гледа желба кај руската страна да преговара „со добра волја“.

Кулеба е највисокиот украински функционер кој отпатувал во Кина по руската инвазија во февруари 2022 година. Неговиот разговор со кинескиот колега Ванг Ји траел повеќе од три часа, според извор од украинската делегација.

„Истакнав два принципа од кои не смее да се отстапи. Прво, нема договор за Украина без Украина“, рече министерот во своето обраќање.

„Вториот е почитување на украинскиот суверенитет и територијален интегритет. Доколку се почитуваат овие два принципа, тогаш можеме да се вклучиме во дискусијата и во барањето решенија“, додаде тој.

Во претходното соопштение, Министерството за надворешни работи го цитираше Кулеба дека Украина е подготвена да влезе во разговори „во моментот кога Русија е подготвена да преговара со добра волја, но во моментот не гледа дека е отворена за такво нешто “.

Додека руските и украинските сили се борат за територија во источна Украина, двете страни ги чекаат резултатите од американските претседателски избори во ноември, бидејќи републиканскиот кандидат Доналд Трамп се закани дека ќе го прекине протокот на помош за Украина.

Кина, втората по големина економија во светот, се позиционираше како неутрална во однос на руско-украинската војна, но неколку дена пред инвазијата, прогласи „партнерство без граници“ со Русија. Покрај тоа, на Русија и даде дипломатска поддршка и помогна да се одржи воената економија во живот.

На крајот од средбата во Гуангжу, украински извор за Ројтерс изјави дека средбата меѓу двајцата министри траела подолго од планираното. „Ова беше многу долг и сериозен разговор“.

- Advertisement -
Ad image

Кулеба и Ванг Ји разговараа за долгорочните планови за градење билатерални односи меѓу двете земји и за зголемување на увозот на кинеска храна од Украина, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи на прес-конференција во Пекинг.

Покрај тоа, таа ја изрази загриженоста на Кина за хуманитарната ситуација во Украина. „Иако условите се уште не се зрели, ние ги поддржуваме сите напори кои водат кон мир. Сакаме да продолжиме да играме конструктивна улога во постигнувањето на прекин на огнот и продолжување на мировните преговори“, додаде таа.

Украинскиот министер Кулеба во видео обраќање се согласи дека решението на конфликтот е праведен и траен мир, затоа нема потреба да се стремиме кон привремени решенија.

- Advertisement -
Ad image

Од Кремљ велат дека изјавата на Кулеба за подготвеност за разговори е во согласност со рускиот став, но им требаат повеќе детали.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Москва ќе ја заврши војната доколку Киев се согласи да се повлече и предаде територијата од четири делумно окупирани украински региони и ако се откаже од амбициите за НАТО, што Киев го отфрли како бизарен ултиматум.

Изминатите неколку месеци беа одбележани со низа дипломатски активности поврзани со војната во Источна Европа. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги посети Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон, како дел од „мировната мисија“, како што тој ја нарече. Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори дека само САД, Кина и Европската унија можат да ја играат улогата на посредници.

Во мај, Кина и Бразил објавија предлог за мировен договор од шест точки, додавајќи дека се за одржување меѓународна мировна конференција која ќе ја признаат двете завојувани страни.

Share This Article