Украина го изведе својот прв напад само со роботи на руска позиција во војната, потиснувајќи ги Русите кај град близу Харков и покрај тоа што беа многу побројни

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Украина го изведе својот прв напад само со роботи на руска позиција во војната, потиснувајќи ги Русите кај град близу Харков и покрај тоа што беа многу побројни, јавува ДејлиТелеграф.

Нападот кај Липци беше наменет да ги изненади руските сили, кои, според украински извори, планираат да отворат нов фронт во Харков и во Запорожје во сложена и ризична операција.

Десетици роботски тенкови и дронови учествуваа во операцијата на 13-бригада на Украинската национална гарда. Акцијата, сепак, покажува дека украинските сили кубурат со воен персонал. Тоа е една од причините што по три години војна, Украина стана светски лидер во примената на воената роботика.

–  Станува збор за десетици единици роботска и беспилотна опрема кои истовремено нападнаа мал дел од фронтот – изјави Володимир Дехтиаров, претставник на бригадата.

На осумкилометарскиот фронт што го држи украинската бригада има четири руски полкови. Тоа се приближно 2.000 украински војници наспроти 6.000 руски.

 

 

Проблемот на извидувачките дронови, роботите за постаување мини и дроновите за еднократна употреба е дека не можат да ги држат позициите. Не е познато дали 13-та бригада се обидела да ги задржи заробените позиции по нападот.

Во меѓувреме руските сили не се откажуваат од Харков. Русија планира да отвори нов фронт во регионите Харков и во Запорожје, јави познатиот украински портал РБЦ. Тоа ќе биде предизвик бидејќи Русите ќе треба да ја преминат реката Дњепар на која не останаа мостови бидејќи украинсите сили претходно ги срушија.

- Advertisement -
Ad image

Она што може да им помогне на Русите се мочурливите и замрзнати делови на реката.

Русите веќе еднаш се обидоа да го освојат Херсон. Овојпат, тие кубурат со персонал поради тоа што, според порталот РБЦ, дел од војниците во Херсон биле пренасочени во регионот Курск во Русија каде Русите напредуваат да ги вратат териториите освоени од Украина.

Share This Article