More

    Украина ги избриша советските симболи од најголемиот споменик во Киев

    spot_img

    Украина вчера ги замени чеканот и српот од советската ера, со националниот грб, на еден од нејзините најистакнати знаменитости – споменикот на татковината во Киев.

    Монументалниот споменик е висок 62 метри и е направен од челик. Неговата изградба започна во 1979 година, а до неодамна беше прикажана жена која држи меч и штит со советските симболи. Сега на штитот има украински трозабец.

    Минатиот месец работниците почнаа да го вадат грбот на Советскиот Сојуз од штитот.

    „Веруваме дека оваа промена ќе биде почеток на нова фаза во оживувањето на нашата култура и идентитет, конечно отфрлање на советските и руските симболи и наративи“ – соопшти украинското Министерство за култура.

    Руското Министерство за надворешни работи брзо реагираше и ја осуди замената на патриотските симболи на познатата статуа од советската ера. Портпаролката на министерството Марија Захарова на Телеграм напиша дека на споменикот „Татковина“ во Киев е поставен трозабец.

    -Ова ја покажува суштината на режимот во Киев и неговите киборзи. На мајката не може да и го промените името. Единственото што може да направите со неа е да ја сакате. А тие не знаат како – вели Захарова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img