More

    Украина доби важна битка на електронскиот воен фронт

    spot_img

    Сè почесто се случува Русите да развивијат нов софистициран електронски систем и веднаш да го испратат на фронтот и тој речиси веднаш да биде унишетн од украински беспилотни летала, бомби или артилерија, пишува Форбс.

    Тоа се случи повторно оваа недела, кога нов, многу редок систем за електронско војување, RB-109A Bylina, беше пронајден и разнесен од украинска група за беспилотни летала. Bylina е систем на софистицирани приемници кои, натоварени во пет камиони, откриваат и лоцираат непријателски беспилотни летала. Приемниците Bylina може да откријат предаватели на оддалеченост и од неколку стотици километри.

    Bylina не е попречувач сам по себе, туку систем заснован на вештачка интелигенција што ги прави попречувачите поефикасни – и тоа и до 50% попрецизни.

    Електронското бојно поле е можеби најважниот фронт во оваа војна во моментов, каде едно од најважните оружја се малите експлозивни беспилотни летала кои ги погодуваат – или промашуваат – нивните цели во зависност од тоа дали непријателот може да ги попречи.

     

    Токму поради успешното украинско попречување, мала единица маринци успеа да ја одржи контролата над мостот од левата страна на реката Днепар на југот на Украина. Маринците можат да управуваат со свои беспилотни летала, додека руските трупи не можат.

    Минатата есен, руската армија ги испрати првите Bylina системи на фронтот по години и години тестирање. Bylina требаше да „го олесни попречувањето на непријателските сигнали со избирање на најдобрите уреди за таргетирање“, соопшти Кремљ.

    Наместо тоа, најмалку еден од тие ретки системи, е откриен,  погоден од дрон и целосно уништен, наводно во Доњецк, источна Украина. Еден од најдобрите руски попречувачи на ГПС, Украина го уништи со беспилотно летало управувано со ГПС.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img