More

    Укинувањето на алатката не е деградација на правата на малцинствата, вели Гаши

    spot_img

    Пратеници од Собранието работат на една верзија на законот за правична застапеност во јавната администрацијата со кој ќе се замени алатката балансер, информираше денеска собранискиот претседател Африм Гаши.

    – Ова прашање е во доменот на политичките партии и на политиката. Јас од функцијата претседател на Собранието не можам да коментирам за оваа тема. Група од пратеници работи на една верзија на таков закон, но засега јас не знам дали ќе има политички договор тој закон и да се усвои – рече Гаши.

    Ако нешто не функционира, додаде тој, треба да се промени.

    – Сите сме свесни дека механизмот балансер со кој досега се исполнуваше уставната вредност за правична застапеност на помалите заедници при вработувањето во администрацијата не беше добро осмислен. Општа е перцепцијата дека балансерот има недостатоци и затоа ова прашање треба да се реши со посебен закон. Евентуалното укинување на балансерот не треба да се сфати како деградација на правата на помалите заедници при вработувањата. Од 2002 година до 2014 година правичната застапеност се практицираше и без оваа алатка, немаше балансер – рече спикерот Гаши.

    Првиот вицепремиер Изет Меџити минатата недела нагласи дека има согласност во владината коалиција за закон за правична застапеност.

    – Имаме политички договор тоа прашање да се среди со закон за правична застапеност. Само треба да најдеме начин евентуално да има некоја евиденција на етничка припадност во администрацијата, за да не се косиме со приватноста на информациите – рече Меџити.

    Министерот за јавна администрација Горан Минчев неодамна истакна дека ова ќе зависи од одлуката на Уставниот суд.

    – Јас во овој момент не би можел да кажам дали ќе има нов закон или каква ќе биде содржината на тоа законско решение. Секако, би ја почекал, а секако и Министерството за јавна администрација, конечната одлука на Уставниот суд. Во зависност од тоа каква ќе биде ние би пристапиле кон евентуално ново законско решение – рече Минчев.

    Уставниот суд минатата седмица времено го запре користењето на балансерот  при вработувањата во државните институции до конечната одлука за уставноста на законските одредби со кои се овозможува етничката припадност да е услов за вработување. Од Министерството за јавна администација информираа дека наскоро сите институции ќе добијат упатство како да постапуваат до конечната одлука.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img