Комисијата за жалби на УЕФА ја прифати жалбата на Фудбалскиот сојуз на Србија по казните изречени за инцидентот на натпреварот меѓу Црна Гора и Србија во Подгорица.
УЕФА ја намали казната од два на еден натпревар без присуство на публика, односно лица над 14 години.
Тоа значи дека ќе имаат поддршка во квалификацискиот натпревар за ЕП, против Унгарија, на 7 септември, како што беше случајот во 1. коло против Литванија, кога близу 20.000 деца направија фантастична атмосфера.
УЕФА без милост: Казна Србија за навреда на навивачи на национална основа
Црна Гора ќе гостува во Србија на 17 октомври, кога Фудбалскиот сојуз очекува полн стадион и максимална поддршка за репрезентацијата на патот до Европското првенство во Германија во 2024 година.
Следниот квалификациски натпревар Србија го игра на 20 јуни во Разград против Бугарија. Претходно, на 16 јуни избраниците на селекторот Драган Стојковиќ ќе имаат тест во Виена, каде ривал ќе им биде тимот на Јордан.