Европската фудбалска федерација (УЕФА) и Европската вселенска агенција (ЕСА) денеска потпишаа договор за соработка со која би ја подобрите контролата над навивачите и за зголемување на влијанието на фудбалот на животната средина.
Договорот ќе важи до 31 декември 2025 година и треба да овозможи воведување на „вселенски иновации во професионалните фудбалски натпревари“, се вели во заедничкото соопштение на УЕФА и на ЕСА.
Со договорот, УЕФА благодарение на сателитските податоци кои ќе ѝ ги доставува ЕСА, ќе може да „ги следи гужвите на и околу стадионите“ како и да ги „идентификува тесните грла околу стадионите“.
Технологијата на ЕСА може и да помогне на УЕФА да ги детектира и предностите кои фудбалските стадиони им ги нудат на локалните заедници.