Училиште во Турција ќе го носи името „Македонија“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Дваесет и четири училници ќе бидат именувани по македонски градови во училиште кое ќе го носи името „Македонија“ во Малатија во Турција. Наставата таму ќе започне на 11 септември.

Стопанска Комора на Македонија-Турција (МАТТО) информира дека училиштето кое го носи името „Македонија“, е на површина 8,656 метри квадратни. Изградено е со донација од еден милион евра во која учествуваа членките на МАТТО, а со поголема сума учествуваше Црвениот Крст на Република Македонија

Училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу народите на Македонија и Турција.

Share This Article