More

    Училишниот прибор поскап за 50 отсто, за прваче во просек потребни до 100 евра

    spot_img

    Училишниот прибор поскап за 50 отсто, за прваче во просек потребни до 100 евра
    Пред почетокот на учебната година, родителите веќе почнаа да ги подготвуваат своите деца за училиште. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал, но за разлика од минатите години сега цените се повисоки во просек за 50 до 60 проценти.

    Така, сега за опремување на едно прваче потребни се во просек од 5.000 до 6.000 денари за разлика од пред пандемијата кога трошоците за прваче се движеа од 3.000 до 4.000 денари.

    Од книжарниците, кои се најпосетувани дестинации во овој период од годината, информираат дека цените на училишните материјали се зголемени од 50 до 60 отсто за разлика од минатите години односно пред почетокот на пандемијата.

    Според информациите што МИА ги доби при обиколката на книжарниците, семејствата кои имаат прваче ќе треба да одвојат околу 3.500 денари за моливи, пенкала, боички, ножички и несесер со вклучен прибор, од 500 до 1000 денари за тетратки, а трошоците за ранец се движат од 700 до 3.000 денари во зависност од моделот и квалитетот.

    За учениците од второ до деветто одделение трошоците се за нијанса помали, велат од книжарниците, затоа што можеби учениците се уште имаат материјали од минатата година и можеби нема да купат нов ранец. Така, нивните трошоци би се намалиле за 1.000 до 2.000 денари или околу 27 отсто помалку.

    Најголем скок на цените има кај тетратките што, според книжарниците, се должи на поскапувањето на хартијата. Ако цената на една мала тетратка пред пандемијата била 10 денари, сега за истата тетратка се плаќа двојна сума односно 20 денари. Поквалитетните тетратки кои пред пандемијата можеле да се купат по цена од 30 денари, сега се поскапи за 33 до 50 отсто односно нивната сегашна цена се движи од 40 до 45 денари.

    Истото се случува и со фломастерите за кои пред пандемијата оптималната цена била 65 денари, а сега се продаваат по цена од 95 денари. Поскапен е и останатиот училишен прибор.

    Од книжарниците велат дека цените зависат од брендот и од квалитетот на материјалите. Може да се најдат и поевтини и поскапи материјали.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img