Во текот на Вчерашниот ден градоначалникот на Општина Дебрца ги прими учесниците на шестото издание на Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“,кој е во организација на Друштвото за литература и култура „Мацково.
Од страна на организаторот и учесниците е информиран дека годинава, како плод на воспоставената прекугранична соработка со Организацијата за литературно и културно активирање, од Корча, Албанија, Кампот внесува нова содржина, со тоа што учесниците и организаторите ќе ја посетат и Мала Преспа, Албанија.
Од страна на градоначалникот е истакнато дека ние сме посебно горди што основоположникот на македонската литература за деца и млади, Ванчо Николески е родум од Црвена Вода,Дебрца и дека со одржувањето на Кампот се оддава посебен пиетет на неговото дело.
Сите ние како ученици образованието сме го започнувале со неговите дела.
Општината секоја година финансиски го поддржува Кампот,а така ќе биде и во иднина.