Учениците бараат помал обем на материјалот за матура

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Да се намали обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, и изоставување на еден интерен предмет се две од повеќето барања на матурантите кои одржаа дебата на тема  „Државна матура 2023: што велат матурантите?”

Дебатата ја организираше Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС).

Се дебатираше за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и за тоа како тие предизвици ќе влијаат на полагањето на државната матура.

Според учесниците во дебатата изминатите четири учебни години поради ковид кризата и кризата со дојавите за бомби голем дел од материјалот не бил квалитетно предаден, а се губело и голем дел од часовите.

Главниот заклучок на учесниците на дебатата беше дека тие како генерација немаа ниту една целосна непрекината учебна година, а тоа се одразува на нивното образование. Во таа смисла дел од предлозите што произлегоа од дебатата беа намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, изоставување на еден интерен предмет и слично.

Од ОДАС велат дека овие заклучоци ќе им бидат доставени на надлежните институции.

Share This Article