More

    Ученик од Скопје бил малтретиран од двајца наставници, семејството пријавило во полиција

    spot_img

    Двајца наставници од основното училиште „Војдан Чернодрински“ во скопската населба Тафталиџе во повеќе наврати малтретирале шестоодделенец, обвинува семејството на детето, посочувајќи дека нивниот син е жртва на емоционално и психичко насилство.

    До редакцијата на Плусинфо пристигна реакција од Организација за дијалог и афирмација на средношколците – ОДАС од каде што информираат дека разговарале со повозрасната сестра на малолетниот ученик, а со неа снимиле и видео-реакција.

    Сестрата вели дека нејзиниот помал брат бил омаловажуван и навредуван од наставничката по македонски јазик и од наставникот по музичко образование.

    Тие, како што посочува сестрата, го нарекувале детето со погрдни зборови, му ги истурале книгите од ранецот на подот, го омаловажувале, го терале пред сите деца во училницата да ја крене маицата и да ги испразни џебовите.

    – Откако дознавме за случајот, брат ми посетува психолог. Во меѓувреме, нашите родители поднесоа пријава за дисциплинска постапка против двајцата наставници и го пријавија насилството во полиција и во Просветниот инспекторат, а од директорката на училиштето добија понуда брат ми да добие петки во замена за повлекување на пријавата. Секако, тоа во ниеден момент не беше опција, бидејќи не сакаме ниту мојот брат, ниту кое било дете да се соочува со тоа што се соочи мојот брат – вели сестрата на ученикот.

    Од ОДАС изјавија дека менталното здравје е многу важно во развојот на децата и дека тие треба на училиште да се чувствуваат безбедно и да не чувствуваат страв од соучениците, а уште помалку од наставниците.

    – Насилството од наставниците кон учениците е длабоко загрижувачко прашање што ја побива самата цел на образованието. Неприфатливо е злоупотребувањето на моќ и позиција од страна на наставниците и директорите на училиштата. Насилството од наставниците кон учениците е сериозен проблем кој бара итно внимание и силни мерки – велат од ОДАС.

    Тие ги повикаа надлежните институции и државните чинители да го решат случајот што побрзо и да не дозволат вакви случаи да се повторат.

    Претседателката на ОДАС, Анисија Угриновска, која ја извршува функцијата Младински делегат за Македонија во Организацијата на Обединетите нации, изјави дека таа лично ќе се погрижи случајот да дојде до ушите на агенциите на Обединетите нации.

    – Бидејќи учениците во основно образование немаат форми на ученичко здружување, како средношколска и студентска организација ОДАС ја презема иницијативата за да даде поддршка на нашите најмлади – вели Угриновска.

    Плусинфо се обиде да стапи во контакт со директорката на училиштето, Верица Неткова Пројчева, но таа кусо одговори дека во моментот нема време да даде изјава.

    – Се извинувам, сега сум премногу зафатена, потпишувам свидетелства, подоцна ќе се слушнеме – ни рече директорката Неткова Пројчева.

    До објавувањето на текстот не добивме повратен повик од Пројчева.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img