Убиецот од трговскиот во Копенхаген ги намамувал жртвите велејќи им дека пиштолот му е лажен

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Загинаа три лица при вчерашното пукање во трговскиот центар во Копенхаген, соопшти данската полиција.

Убиени се двајца млади, чија возраст не е прецизно наведена, како и машко лице во своите четириесетти години.

Има повеќе повредени, од кои тројца се во критична состојба.

Осомничениот, 22-годишен Данец, кој при апсењето не пружеше отпор, на полицијата ѝ е познат, но, „само површно“, појасни главниот инспектор на полицијата во Копенхаген, Сорен Томасен.

Неговите мотиви за нападот сè уште не се целосно јасни.

Сведоци тврдат дека осомничениот се обидел да ги намами жртвите да му се приближат, велејќи им оти неговото оружје не е вистинско.

– Беше доволно психопат за да лови луѓе, но, не трчаше – сведочеше очевидец за телевизијата ДР.

Во трговскиот центар имало голем број луѓе, бидејќи во близина требало да се одржи концерт на британската ѕвезда Хари Стајлс, што подоцна бил откажан.

„Јас и мојот персонал се молиме за сите настрадани во трговскиот центар во Копенхаген. Згрозен сум“, напиша Стајлс на Снепчет.

- Advertisement -
Ad image

Данската премиерка Мете Фредериксен го осуди „суровиот напад“ во трговскиот центар, каде имало „возрасни, млади и деца“.

Share This Article