Жена припадничка на израелската армија (ИДФ) е убиена денеска откако воена база во северен Израел беше погодена од ракета испукана од Либан, соопшти ИДФ.
Во соопштението, армијата наведе дека наредник Омер Сара Бенџо (20) е убиена „како резултат на ракетен напад од либанска територија врз база во северен Израел“.
Најмалку четири луѓе загинаа во денешните израелски воздушни напади во јужен Либан, соопшти либанската цивилна одбрана.
Жена и нејзините две деца ги загубија животите во напад врз куќа во градот Ал Сувејнех, се вели во соопштението. Се додава дека еден човек загинал, а девет лица се повредени во друг израелски напад во пограничниот град Адчит.
Израелската војска денеска соопшти дека започнала „голем“ бран воздушни напади врз позиции во Либан.