Убиен украинскиот мајстор за дронови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На фронтот во Украина загинал „најдобриот украински оператор на беспилотни летала“, Олес Самчук. Тој минатата година дипломирал на Институтот Тарас Шевченко на одделот за филм и кинематографија и служел воздухопловно извидување под кодното име „Каркаде“, се вели во извештајот.

Смртта на 22-годишниот Самчук беше потврдена од Националната унија на кинематографи на Украина, која објави дека операторот на беспилотни летала бил убиен во петокот, во руски ракетен напад во областа Одеса.

Според украинските медиуми, Самчук служел во единицата за воздушно извидување на неонацистичкиот баталјон Азов. Младиот украински оператор загинал четири дена пред венчавката која била закажана за 19 март.

Share This Article