Поранешниот пратеник во индискиот парламент осуден за грабнување, убиен е од огнено оружје заедно со неговиот брат, додека полицијата ги носела на лекарски преглед, а телевизиите го пренесувале нивното спроведување, пренесоа повеќе светски агенции.
Атич Ахмед, пред да биде поразен на изборите во 2014 година, беше пратеник од Самаџвади, а подоцна во регионалната партија Апна Дал.
Драматичната снимка од убиени мажи е споделена преку индиските телевизиски канали и социјалните медиуми. На снимките се гледа како вооружен маж преку рамото на еден полицаец вперува пиштол во главата на поранешниот пратеник Атик Ахмед, чијшто турбан одлетува до главата по истрелот.
Погоден е, исто така, и неговиот брат Ашраф Ахмед, а двете жртви на нападот починале во рок од неколку минути. Во нападот ранет е и еден полицаец.
Полицијата брзо уапсила тројца мажи осомничени за двократното убиство. Едниот се предал веднаш по пукањето, додека полицајците ги совладале другите двајца осомничени.
Медиумите известуваат дека напаѓачите се претставувале како новинари. Биле измешани со толпата којашто се собрала додека двајцата браќа, осомничени како водачи на локална злосторничка организација, во саботата доцна вечерта биле доведени со лисици на рацете од болницата во градот Прајаграј, во сојузната држава Утар Прадеш.
Откако го извршиле смртоносниот напад, осомничените напаѓачи извикувале хундуистички верски пораки. Стравувајќи од моќни насилни безредија по убиствата, владата во Утар Прадеш ги забрани собирите на граѓаните во групи поголеми од четири лица на територијата на целата сојузна држава.
– Државната власт воведе рестриктивни мерки по убиството на Атик Ахмед и Ашраф Ахмед, кои беа членови на голема мафија вмешана во грабање земја и случаи на убиства – изјавил за локалните медиуми неименуван висок полициски функционер.
Минатата седмица полицијата го уби синот на Атич Ахмед во градот Џанси. Тој бил баран во врска со убиства кои биле истражувани во рамките на широка полициска операција за уништување на тн. „земјишна мафија“ која дејствува во државата Утар Прадеш.