Убиен е Томислав Сабљо, водач на криминален клан во Хрватска

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Утрово во ноќен клуб во Загреб убиен е Томислав Сабљо, водач на криминален клан во Хрватска.

Починатиот бил застрелан со огнено оружје, а повеќе детали засега нема бидејќи во тек е увидот на лице место и тече истрагата.

Познато е дека на убиството му претходела физичка пресметка меѓу повеќе лица.

Веќе е уапсен маж кој се поврзува со инцидентот и тој е под полициски надзор.

Сабљо бил застрелан до смрт околу 4 часот и 40 минути во ноќниот клуб „Риц“ по физичка пресметка меѓу неколку лица, а медиумите јавуваат дека бил застрелан од чувар на ноќниот клуб.

Мирослав Топиќ, началник на одделот за крвни деликти на полицијата во Загреб, на прес-конференција рече дека во тек е кривична истрага за да се утврдат сите околности и можниот мотив, а поради брзата реакција на полицијата, осомничениот за убиството бил пронајден на местото на настанот, а тој не пружил никаков отпор.

Санди Пего, косопственик на „Риц“, за весникот „Данас“ го коментирал убиството во неговиот клуб:

– Во овој момент можеме само да изразиме жалење за немилиот инцидент што се случи синоќа. Полицијата ги утврдува фактите и околностите во кои соработуваме со нив. Кога ќе биде готов, очекуваме официјална комуникација од полицијата – изјавил Пего.

Убиениот бил обвинет во акцијата Тебра, како еден од водачите на криминална организација која шверцувала дрога, палела автомобили итн.

- Advertisement -
Ad image

Сабљо и 19 други лица кои се поврзани со синџирот на шверц на дрога од Албанија и Црна Гора, преку Босна и Херцеговина до Хрватска, беа уапсени во јули 2019 година во голема полициска акција.

Share This Article