Поранешната руска шпионка Ана Чепмен за првпат во својата автобиографска книга откри како била регрутирана од разузнавачката служба на Владимир Путин додека живеела во Лондон.
Во книгата со наслов „BondiAna: Russia with Love“, објавена во Москва, Ана е претставена како жена која го искористила својот сексапил за да воспостави врски со богати и моќни луѓе. Кога била регрутирана од СВР, руската надворешна разузнавачка служба, таа имала британски пасош благодарение на пропаднатиот брак со Алекс Чепмен, пишува Дејли мејл.
Другa младa шпионка, која таа ја нарекува Крил во книгата, ја регрутирала откако ги забележала социјалните вештини на Ана, особено во комуникацијата со влијателни мажи. Во една прилика седнала до неа за време на летот за Москва и ја испрашувала за нејзините патриотски склоности.
Претходно, таа наводно била проверувана преку нејзината цимерка во Лондон. При следната посета на Москва, Ана нашла визит-картичка од психолог пред станот на нејзините родители. Кога се јавила да закаже преглед, била подложена на различни тестови.
Веќе на втората сесија, шпионскиот регрутер, кого го нарекува Владимир Владимирович, како што се вика Путин, го замени психологот. Ана пишува дека внимателно ја набљудувал и го анализирал секој сантиметар од нејзиното лице.
„На крајот, тој ги свитка рацете и праша: „Ана, што знаеш за разузнавачката работа?“, се сеќава таа во книгата.
Нејзината шпионска кариера нагло заврши пет години подоцна, кога беше приведена од ФБИ и јавно разоткриена како руски агент додека беше во Њујорк. Тие и го одзеле пасошот ` ја вратиле во Москва, како дел од размената за друг агент.
Во книгата таа го опишува патувањето со богатите љубовници, играњето стриптиз-покер што ѝ ги обезбедило профитабилните работни места, како и пристапот што го имала до богатата елита. Тој наведува дека точно знае какво влијание имала таа врз мажите.
„Природата великодушно ме обдари со потребните атрибути: тенок струк, бујни гради и густа црвена коса. Само ги истакнав со едноставни, но секси аутфити и лесна шминка. Никогаш не носев накит бидејќи не чувствував потреба за тоа, не се трудев премногу, бидејќи луѓето чувствуваат кога некој очајно бара одобрение, што има спротивен ефект“, пишува Ана во книгата.
Таа додава дека никогаш не барала ничие одобрение, туку едноставно била самата со себе, што „работело како магија“. Англиските лордови и арапските шеици ѝ ги бакнале рацете и ѝ ветија светла иднина.
Нејзината цимерка рече дека Ана зборува со мажи само ако мисли дека можат да ѝ бидат од корист. За еден од нив рекла дека со него спиела само за неговите пари иако не уживала во сексот. Во тоа време, најголемиот непријател на Путин, милијардерот Борис Березовски, беше во егзил во Британија.
Ана во книгата признала дека го познава, но и дека го одбила неговото барање да спие со него. Во врска со стриптиз-покерот пишува дека изгубила во првото коло, па на големо задоволство на мажите ги соблекла гаќите. Победила во вториот круг, го задржала фустанот и следното утро добила профитабилна работа.
„Земи го убавиот задник и дојди во канцеларија, кафето е тука“, била пораката од нејзиниот шеф, наводно.
Покрај спомнувањето на личниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во книгата таа се осврна и на нејзиниот поранешен сопруг Алекс, болката и тагата од нивниот брак, како го абортирала неговото дете откако тој ја силувал, заедно со описите на претходните напади. И покрај сè, таа ја посветила книгата на Алекс и неговото семејство, наведувајќи дека ниту еден маж никогаш не може да го замени.
Таа рече дека иако автобиографијата е базирана на вистински настани, некои имиња се сменети и пет отсто од настаните во приказната се измислени, но не сакаше да открие кои.