Синоќа на подрачјето на скопската населба Драчево, полицјата уапси момче кое со себе носело полн пиштол и резерва од 61 куршум.
Како што е соопштено, Р.Д.(19) од с.Морани, се шетал со пиштол „зораки“и со една рамка со 61 куршум.
При апсењето му се одземени пиштолот и муницијата.
Не е соопштено која му била намерата на момчето, но полицијата соопшти дека му подготвува соодветна пријава.