Се претпоставува дека околу 200 луѓе сѐ уште се заробени во зградата на концертната сала „Крокус“ во Москва, каде што денеска се случи напад во кој загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се ранети.
Нападот го извршиле неколку лица облечени во воени униформи, пренесе Би-Би-Си.
Напаѓачите сѐ уште се во бегство, соопшти руската национална гарда, додавајќи дека нејзините припадници евакуираат цивили и бараат осомничени.
Руските медиуми неодамна објавија дека е уапсено едно лице поврзано со нападот.
Во моментот на нападот во салата имало 6.200 лица, кои сакале да гледаат концерт на поп група.
Салата „Крокус“ е целосно опожарена, покривот се срушил, но конструкцијата останала недопрена.