More

    Уапсени, па пуштени адвокатите на Навални

    spot_img

    Руската полиција накусо ги приведе двајцата адвокати на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, веднаш откако денеска беше осуден на девет години затвор за измама и непочитување на судот. Малку подоцна адвокатот Вадим Кобзев на Твитер објави дека тој и колешката Олга Михајлова се веќе ослободени.

    Адвокатите беа уапсени пред казнената колонија, каде што Навални веќе издржува една казна, неколку минути откако судот ја објави својата одлука. Двајцата соопштија дека Навални ќе поднесе жалба на казната.

    Михаилова и Кобзев се чини дека беа приведени со образложение дека го попречувале автомобилскиот сообраќај пред затворот, каде разговарале со претставници на медиумите.

    Рускиот претседател Владимир Путин „се плаши од вистината“, напиша Навални во неколку објави на Твитер по објавувањето на денешната пресуда, ветувајќи дека ќе ја продолжи борбата против Кремљ.

    „Путин се плаши од вистината, јас отсекогаш сум го велел тоа. Борбата против цензурата и доближувањето на вистината до народот на Русија останува наш приоритет“, напиша тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img