Уапсени 14 педофили во Белград

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во акцијата „Армагедон“ уапсени се 14 лица осомничени дека сториле кривични дела во кои жртви се деца, пренесуваат српските медиуми.

Станува збор за кривични дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетно лице за порнографија, користење компјутерска мрежа или комуникација со други технички средства за извршување кривични дела против сексуалната слобода врз малолетно лице и сексуално вознемирување.

Уапсените се товарат за преземање, складирање компјутерски хард дискови и споделување содржини создадени со експлоатација на деца во порнографски цели, во подолг временски период, преку интернет апликации и користење прелистувачи кои овозможуваат прикривање на локацијата.

Тие се осомничени дека преку социјалните мрежи контактирале со малолетници од нивните сметки, а преку тие мрежи испраќале и фотографии и видеа од порнографски содржини создадени со експлоатација на малолетници.

При претресот, полициските службеници пронашле поголемо количество видео снимки и фотографии на малолетници искористени за порнографски цели, сексуална експлоатација на деца на возраст од 7-14 години, како и пораки со сексуална содржина со кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното обвинителство, а против еден 36-годишник до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетник за порнографија.

Share This Article