Хрватската полиција уапси 20-годишна жена, која е осомничена за убиство на новороденчето чие тело беше пронајдено на 4 август во местото Перушиќ, објавија хрватските медиуми.
„Од спроведената кривична истрага е утврдено дека осомничената, 20-годишна хрватска државјанка, сторила кривично дело тешко убиство“ – соопштија од полиција, дополнувајќи дека поради заштита на семејството, не можат да соопштат повеќе детали од истрагата.
Порталот „Слободна лика“ објави дека тело на новороденче е пронајдено во селски бунар во местото Прван Село кај Перушиќ. Бебето било завиткано во црна вреќа и фрлено во бунарот полн со вода. Го пронашол сточар кога дошол да наполни вода од бунарот. Новороденчето е пронајдено во речиси напуштена населба, па се претпоставува дека е донесено таму.