More

    Уапсен внук на озлогласениот нацист во Австрија, ги држел децата затворени во подрум

    spot_img

    Внукот на озлогласениот нацист Ернст Калтенбрунер е уапсен во Австрија откако полицијата пронашла шест негови деца заклучени во подрумот на семејната куќа, пишува „Дејли мејл“.Педесет и четиригодишниот Том Лендон, татко на шест деца, е осомничен дека ги заклучил во подрумот. Сите деца се помлади од седум години.

    Полицијата го уапсила откако физички ги нападнал полицајците кои дошле да го испрашуваат за условите во кои живее неговото семејство во Обрич, на стотина километри северно од Виена.

    Соседите повикале полиција откако слушнале плач од подрумот на куќата во која живее Лендон со својата 40-годишна сопруга и нивните три сина и три ќерки.

    Двајца работници од социјалната служба дошле да ги проверат децата, а полицијата тврди дека мажот ги нападнал со бибер спреј и ја блокирал вратата од подрумот. Работниците повикале полиција и при претресот пронашле жена и шест деца.

    Полицијата пронашла и повеќе парчиња оружје, меѓу кои пиштол, самострел и воздушно оружје.

    Според податоците на полицијата, децата се родени во Англија и не биле официјално регистрирани во Австрија.

    Лендон беше задржан во притвор, по што беше ослободен без обвинение.

    Лендон рече дека инцидентот бил дел од одмаздата на локалниот функционер, Ерих Грил, кој не се согласувал со нивниот повлечен начин на живот.

    Дедото на Лендон, Калтенбрунер, бил водач на СС во Австрија, а подоцна и началник на полицијата во воена Германија, лојален следбеник на Адолф Хитлер, како и еден од главните протагонисти на холокаустот. Тој го основал концентрациониот логор Матхаузен, прв од ваков вид во Австрија, каде што биле убиени околу 90.000 луѓе.

    Лендон наводно е член на движењето „Рајхсбургер“, група екстремни десничари кои веруваат дека германската империја сè уште постои како и пред Втората светска војна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img