Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево вчера го уапсиле У.Ш. (31) од Скопје, кој се сомничи дека непосредно претходно во спортска обложувалница на подрачјето на Центар, со закана кон вработената одзел пари.
Кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што У.Ш. е приведен во полициска станица. По преземени мерки и активности, тој се сомничи дека на подрачјето на Скопје извршил дополонителни пет кривични дела. По целосно документирање на сите кривични дела од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар, против сторителот до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.