Британските власти уапсија маж кој напишал „Ослободете ја Газа“ на зграда во Лондон. Тој беше уапсен под сомнение дека предизвикал штета по протестот во Пикадили во центарот на Лондон.
Пропалестинските демонстранти обоија црвена боја на зградата и фрлаа боја на влезот. Полицијата соопшти дека вториот човек се уште е на настрешницата над влезот на зградата и ќе биде уапсен кога ќе се спушти на безбедно, пренесува Индекс.