Уапсен криумчар од радовишко

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кај место викано „Нова Петла“ во Гевгелија, денеска полициски службеници од Гевгелија го лишиле од слобода А.С.(35) од с.Ињево, радовишко.

На местото, полициските службеници запреле товарно возило „сканија“, со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка и при преглед во полуприколката биле пронајдени 88 лица мигранти (56 од Сирија, 21 од Пакистан, 10 од Индија и 1 од Јемен), од кои 12 се малолетници.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а А.С. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share This Article