Полициски службеници од граничниот премин Богородица денеска напладне во близина на бензинска пумпа кај Гевгелија го уапсиле И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато” со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира МВР.