Уапсен корумпиран шумски полицаец од Демир Хисар

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар и од крим-техника на СВР Битола вчера го уапсиле 58 –годишниот Д.Т. од Демир Хисар, вработен во Шумската полиција во Демир Хисар, осомничен за примање поткуп, кривично дело по чл. 357 од КЗ.

МВР информира дека Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, за да не постапи односно за да не санкционира незаконско работење кое го открил.

Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој му ги дал на осомничениот. Веднаш откако му биле предадени парите, на патот помеѓу селата Света и село Единаковци, на подрачјето на Демир Хисар, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава, информира МВР.

Share This Article