Полицijaта од Валандово денеска на пладне ги уапсила Р.М. (42) од село Водоча и Д.Д. (27) од село Рич, Струмичко.
Како што соопшти МВР, лицата биле уапсени на крстосницата кај село Чалакли, Валандовско.
„Р.М. кој денеска во периодот од 7.00 до 19.00 часот бил на работа како затворски полицаец во Затвор-Струмица, пречекорувајќи ги неговите овластувања му овозможил на осуденикот Д.Д., кој во моментот издржува затворска казна, времено да го напушти затворот, иако за тоа немал соодветно Решение. Двајцата со приватното возило на Р.М. се упатиле кон село Јосифово, Валандовско.“, соопшти полицијата
За случајот се запознаени Основното јавно обвинителство Струмица и Затворот Струмица, а по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.