Претседателот на Врховниот суд на Украина е уапсен под обвинение за примање мито во износ од 2,7 милиони долари, соопшти Украинското национално антикорупциско биро (НАБУ).
Во вчерашната објава на Фејсбук, НАБУ не го објави името на уапсениот функционер, но објави дека „открила голема корупција во Врховниот суд, која им овозможила на раководството на судот и на судиите да примаат мито“.
Обвинителот на НАБУ им изјави на новинарите дека на осомничениот на чело на Врховниот суд сè уште не му е официјално доставено „обвинение“, пренесува Ројтерс.